Дизајн и изработка на мебел

Деспина Мебел

Станбени Објекти

Уредувањето на станбени објекти е нешто кое го работиме секојдневно. Многу семејства ни ја доверуваат задачата да им го направиме семејниот дом топло и пријатно место за живеење преку мебелот од масивно дрво кој го изработуваме. Дрвото и понатаму останува материјал кој плени со природниот изглед и топлината која ја дава.

Канцелариски Објекти

Имајќи во предвид дека голем дел од денот го минуваме на работното место, не е мал бројот на купувачи кој ни ја довериле задачата работното место да им го направиме пријатно катче во кое полесно и поудобно ќе се справуваат со секојдневните предизвици кои им ги носи работното место.

Комерцијални Објекти

Комерцијалните објекти се објектите кои ни овозможуваат најблизок контакт со голем број на корисници и идни купувачи. Големиот број на хотели и ресторани кои ги имаме изведувано се најдобар репрезент на нашата работа а воедно и најголема потврда за квалитетот на производите кои ги изработуваме.
1

Традиција

Традицијата и знаењето кое се пренесува од генерација на генерација се токму она што не стимулира да опстојуваме и да го унапредуваме производствениот процес доведувајќи го производот до совршенство.

2

Kвалитет

Квалитетот и рачната изработка се наша базична рамка во која се движиме и се наш највисок императив во нашето секојдневно работење - претворање на суровото дрво во квалитетни производи.

3

Разумни цени

Цените се секогаш така приспособени да нашите купувачи за своите вложени средства добијат максимум квалитет и долготраен производ.

4

консултации

Купувачот секогаш знае што е она што ќе го добие за своите вложени средства додека ние знаеме кој тип на производ и материјали треба да му ги нудиме на купувачот.

5

Изведба

Изведба која се одликува со прецизност и точност, како во поглед на квалитетот, така и во поглед на роковите на испорака.

6

Поддршка

Поддршка кон нашите купувачи во поглед на достапност за било какви прашања, консултации или информации за производите кои ги имаат.

Естимација на буџет

Естимацијата на буџетот на нашите купувачи секогаш е во насока за постигнување на максимален квалитет за производот а притоа прилагодувајќи се на желбите и можностите на купувачите.

Консултација

Консултациите со купувачите се токму тоа што во најголем дел ни олеснува да ги инкорпорираме нивните желби, замисли и барања во крајниот производ.

инспирација

Инспирацијата за производството на нашиот мебел ја црпиме од неокласичната архитектура и неокласицизмот.

по ваша мерка

Нашите производи секогаш се работат според мерки на купувачите, како максимално би се искористил просторот на купувачот и би се добил посакуваниот визуелен ефект.

Навремена испорака

Роковите кои што се дадени за испорака на одреден производ или изработка и завршување на конкретен проект секогаш максимално се почитуваат.

Гаранција

Сите наши производи се произведени во строго контролиран производствен процес и секое наше парче мебел подлежи на гаранција.