ДООЕЛ “Деспина 2002“ - Кавадарци е претпријатие во приватна
сопственост кое постои од 1990 и примарна дејност му е про - зводство на рачно изработен мебел од масивно дрво.
Од самиот почеток до денес Деспина цврсто стои на базичните
ставови и идеи во врска со иницијалните визии за производство
на мебел.
Ниту една најсовремена технологија не може да го постигне
квалитетот на производството во кое се вградени љубовта на
стариот мајстор, искуството и нескротливата желба секој пат
пред себе да создаде нешто ново, ново во визуелен поглед,
ново во поглед на енергијата која ќе ја вложи во опредме -
тувањето на нешто во кое остава дел од себе, дел од својата
душа, дел од својата движечка енергија.
Токму ова е движечката сила и за ДЕСПИНА да создава рачно
изработен мебел, мебел од благороден материјал - масивното
дрво, мебел во кое секое парче кое е вградено е внимателно
одбрано, внимателно обработено, мебел кај кој техниката на
производство се поистоветува со уметноста на создавањето.
Процесот на создавањето на рачно изработен мебел е исто
толку интересен и возбудлив и за самиот купувач.
Изборот на модели, дефинирањето на димензиите и сти -
лските насоки, видувањата и сваќањата на купувачот за убавото , изборот на боја и тон го чинат и самиот купувач активен учесник во креирањето на нашто уникатно и единствено.
|